Димитров: Потребна е директна понуда и сигнал од ЕУ за интеграцијата на регионот
Потребна е директна понуда од ЕУ, сигнал дека овој пат Унијата е сериозна за проширувањето со земјите од регионот, истакна поранешниот вицепремиер и поранешен шеф на дипломатијата, а сега претседател и ко-основач на Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ Никола Димитров за време на неговото учество на деветтиот Делфи форум, јави дописничката на МИА од Атина.
Димитров говореше на панел-дискусија за ЕУ перспективата на Западен Балкан, порача дека целиот процес е како искачување на голема планина, како што рече, слична на онаа каде што се наоѓа грчкиот антички град Делфи, домаќин на форум, но и потенцираше дека „не постои алтернатива за европската интеграција“.
Посочи дека во целиот процес, и Европската Унија, но и земјите кандидати треба да си го завршат својот дел од работата.
-Мислам дека ќе биде паметно да се комплетира европскиот проект со земјите од регионот, како и со кандидатите земји Украина, Молдавија и Грузија. Ако не можеме да го направиме ова, европскиот глас во светот ќе стане послаб, истакна Димитров.
Се осврна и на земјите од регионот што се веќе дел од Унијата, споменувајќи ја Грција и нејзината континуирана поддршка на европскиот пат, но и додаде дека „оние кои ќе имаат придобивка од ЕУ интеграцијата се нашите соседите“.
Панел дискусијата се одржуваше во салата „Лето“, именувана по божицата во грчката митологија, мајка на Аполон, на што се осврна и самиот Димитров, објаснувајќи дека зборот значи „заборавен“ и поврзувајќи го со денешната тема, коментираше дека „нашиот регион не е заборавен“.
- Трагедија ќе биде ако Еворпа е таму, а ние не сме, не можеме да си го дозволиме тоа, истакна Димитров.
Успешен пример во регионот, со земја која ќе стане дел од Унијата, според поранешниот шеф на дипломатијата, ќе биде стимул и за останатите земји.
димитров делфи
Токму на овој пример, споменувајќи ја Црна гора, се осврна и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, кој исто така учествуваше на панел-дискусијата.
Меѓу учесниците беше и генералната секретарка за меѓународни економски прашања во грчкото МНР, Мајра Миројани, која ја повтори поддршката на Грција за земјите од регионот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал