Македонија
5. September 2017 - 8:28

Димитров на состанок со министрите за надворешни работи на ПСИЈЕ

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Блед ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ, како и на Бледскиот стратешки форум.

- Се очекува на состанокот министерот Димитров да ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, најави Министерството за надворешни работи.

На состанокот се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нивното претседавање со Процесот за соработка во ЈИЕ под мотото „SEE4FUTURE", како и да бидат разменети мислења за годишната агенда на нивното претседавање.

Како што најави МНР, при учеството на Бледскиот стратешки форум Димитров ќе има обраќање на тема „Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ“.

Предвидено е македонскиот министер за надворешни работи да оствари и повеќе билатерални средби.