Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, утре во Софија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка.
Се очекува, соопштија денеска од МНР, на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.
Во соопштението се посочува дека министерот Димитров е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка.
Ново на Сител
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
-

Со Мултипла Склероза во Македонија живеат околу 2500 дијагностицирани пациенти
