Димитров на министерски состанок на членките на ЕУ и земјите-кандидати
– На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и Пека Хаависто, министер за надворешни работи на Финска, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре, во Хелсинки, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH).
Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања за придвижување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, додека на министерскиот работен ручек што ќе уследи после GYMNICH состанокот, ќе бидат разменети мислења околу и за поддршката на бранители за човекови права.
На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите

