Македонија
24. April 2018 - 8:53

Димитров на априлската сесија на ПССЕ во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, соопшти МНР.

Покрај обраќањето, предвидено е Димитров да има одделни средби со Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа, со Микеле Николети, претседател на Парламентарното собрание, Гидо Раимонди, претседател на Европскиот суд за човекови права, Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на СЕ, како и со членови на Парламентарното собрание на СЕ.