Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за спорот со името
Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за 25 годишниот спор со името.
Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Ројтерс.
– Уверени сме дека и од двете страни постои волја да се оди напред, вели Димитров, кој вчера во Солун имаше средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Тој во интервјуто за Ројтерс, како што пренесува МИА, нагласи дека двете држави се согласиле да формираат работни групи, предводени од него и Коѕијас кои директно ќе преговараат за можните солуции за решавање на спорот.
Димитров очекува првиот состанок на работните групи да се реализира следниот месец.
– Имаме голема одговорност, истакна Димитров, додавајќи дека Македонија во целиот овој процес е свесна за загриженоста, која се појавува кај соседните земји.
– Јасно е дека идентитетот е мошне важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и нивниот регион, кој ја вклучува северна Грција, додаде Димитров.
Шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија, која од 2005 година има статус на кандидат за членство се надева дека в јуни ќе добие датум за почеток на преговорите, како и покана за членство во НАТО.
– Јас сум умерен оптимист, рече Димитров, осврнувајќи се на прашањето за името во интервјуто за Ројтерс, кое го пренесува МИА.
Ново на Сител
-
Совети за поцврста врска
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
-
Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
-
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем