Димитров – Која: Почетокот на пристапните преговори неопходен импулс за спроведување на реформите
-Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која било разговарано за тековните состојби и приоритетите во процесот на демократизација и европеизација на македонското општество.
Посебен фокус бил ставен на областите каде ОБСЕ активно и во континуитет обезбедува поддршка како што се изборната реформа, обуките за полициските службеници, реформите во правосудството и друго.
Димитров ја нагласил важноста од активно учество во меѓународните и регионалните механизми на соработка заради обезбедување на глобалната сигурност и стабилност, што пак придонесува за унапредување на демократските процеси и зацврстување на владеењето на правото.
Од кабинетот на вицепремиерот информираат дека, Димитров ја подвлекол улогата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во клучните области коишто се од значење за процесот на интеграција во ЕУ, како што се владеењето на правото, доброто владеење и демократското управување. Во овој контекст соговорниците се согласиле дека почетокот на пристапните преговори ќе го обезбеди неопходниот импулс за спроведување на реформите во земјата.
-Препораките на ОБСЕ/ОДИХР и наодите од изборниот и судскиот мониторинг се важни одредници за европските стандарди во поглавјата од владеењето на правото што го одредуваат напредокот во сите останати области, а придонесуваат и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, што за нас како Влада е најважниот индикатор за успешноста на јавните политики, изјави Димитров.
Соговорниците размениле мислења околу спроведувањето на активностите „Агенда: Европа дома“ со која се опфатени измените на изборното законодавство, борбата против корупција и слободата на изразување, како главни програмски области на Мисијата.
Амбасадорот Која посочи дека „Агенда: Европа дома“ е одличен механизам за насочување на реформите и задржување на фокусот на нашите приоритети
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници