Димитров и Саливан: Реафирмирање на американската поддршка на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес имаше средба со заменикот државен секретар на САД, Џон Саливан кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беа потврдени партнерските односи меѓу двете земји и натамошната силна поддршка на САД за евроатлантските перспективи на Република Македонија.
МНР Димитров се осврна на актуелната, завршна фаза од процесот на имплементација на Договорот од Преспа и предизвиците на тој пат, нагласувајќи дека „неговото успешно спроведување ќе ја потврди одлучноста на Македонија да биде стабилен, предвидлив и партнер способен самостојно да се справува со предизвиците“.
Димитров, според соопштениетона МНР, додаде дека покрај конструктивниот пристап кон соседите, Република Македонија, изминатиов период, вложува силни напори да прерасне во вистинска европска демократија, преку реформи за градење одговорни институции, слободни медиуми и владеење на правото.
Заменикот државен секретар Саливан истакна дека целта на неговата посета е да ја реафирмира американската поддршка на историскиот пат на интеграцијата на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој ја поздрави храброста и одлучноста при решавањето на спорот околу името со Грција, како и конструктивниот пристап во односите со сите соседи, изразувајќи увереност дека Република Македонија набргу и заслужено, ќе стане следна нова членка на НАТО.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово