Димитров го прими новоименуваниот амбасадор на Холандија во земјава
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп.
Како што соопшти МНР, посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.
Во оваа прилика, министерот информираше за преземените активности во последниот период во функција на обезбедување напредок во евроинтегративните процеси и актуелните домашни случувања. Во овој контекст, беше истакнато дека очекуваме позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, при што холандската поддршка останува клучна за валоризација на постигнатото во изминатите две години во насока на продлабочување на европскиот пат на Северна Македонија.
Амбасадорот Јан Коп изрази задоволство од укажаната можност, лично да придонесе во зајакнување на македонско-холандското пријателство. Тој ја повтори поддршката на холандската Влада за натамошна имплементација на реформската агенда во нашата држава, како и нивните заложби, оваа година со почитување на принципот „стриктно и фер“, Северна Македонија да ги реализира своите стратешки цели.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба