Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија
Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур.
Посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен.
- Прво конечно ги отвараме европските порти. Тука сум да барам поддршка од Европскиот парламент, институција што долги години многу принципиелно стои зад нашите европски аспирации, изјави Димитров.
Посочи дека посетата на ЕП ја користи да оствари средби со лидерствата на сите политички фамилии.
- Моментот е многу важен и ќе барам од нив поддршка и во однос на нивните главни градови и во однос на сестринските партии. Имаме важна историска шанса во регионот, убаво е да влезат да ни помогнат да ја завршиме работата, изјави Димитров, по средбите со Иво Вајгл од АЛДЕ и Арно Данжан од ЕПП.
Ново на Сител
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска