Димитров: Добивме втора шанса за Македонија да изгради вистинска европска демократија
Очекувањата и надежите на македонското општество се многу високи, ние добивме втора шанса за Македонија да изгради вистинска европска демократија и ние мора да ја искористиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров за онлајн изданието на германскиот весник „Шпигел“.
„Шпигел“ во текстот со наслов „Македонија по состојба на криза“ пишува дека министерот Димитров изминатите недели патува низ Европа за да обезбеди поддршка од своите колеги дипломати за евроатлансткиот пат на државата, како и за исполнување на тешката мисија на новата македонска Влада за решавање на проблемите со соседите, барањата на албансаката заедница во државата и справување со економските и социјални проблеми на државата.
Во однос на спорот за името со Грција, весникот наведува дека, новата македонска Влада очекува да влезе во НАТО под привремената референца и да започне пристапни преговори со ЕУ.
- Ние не сакаме нова рунда на меѓусебни обвинувања. Ние мора, исто така, да бидеме тоа што сме - Македонци. Ние не бараме ништо што не ни припаѓа нам, но не може да очекувате дека ќе се откажеме од нашата душа и достоинство, истакна македонскиот министер Димитров.
Ново на Сител
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време