Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
Движењето ЗНАМ - За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.
Тој им честита на граѓаните на државата кои, како што кажа, покажале „сенс“ за државата.
- Македонија избра претседател. Сакам да и честитам на професорката Гордана Силјановска Давкова, за големата победа и да и посакам успешен мандат, да ја води Македонија во правилна насока, да биде секогаш тука за граѓаните бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Да честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која ја освоија, рече Димитриевски.
Тој напомена оти верува дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираат на политичката сцена.
- Гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија, подвлече Димитриевски.
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски