Loading Video...
Фудбал
18. September 2021 - 20:00

Димитриевски одбрани пенал за втора победа на Рајо

Македонскиот репрезентативец  Столе Димитриевски со Рајо Валјекано стигна до втората победа  во Шпанија и тоа со 3:0 против Хетафе во меч во кој Димитриевски одбрани пенал во самиот финиш. 
Рајо поведе од пенал во 9. минута откако пеналот кој беше досуден Оскар Трехо го смести во голот. За Рајо на 2-0 зголеми ветеранот  Радамел Фалкао, а победата ја потврди Сенегалецот Пате Сис во 78. минута од мечот, .Хетафе во 85. минута добија шанса од пенал да го намалат резултатот, но обидот на Енес Унал го одбрани Димитриевски.