Димитриевски од Софија: Од Македонец не бидува Бугарин
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во денешното гостување во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БВТ1 потенцираше дека бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бива само Македонец и не бива ништо друго.
„Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Ве сакаме и ве почитуваме, сакајте не такви какви што сме, затоа што на друг начин никогаш нема да се разбереме. Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“, рече Димитриевски.
Во емисијата, тој информираше дека за положување на цвеќе во Скопје чекал два часа, бил најавен во делегацијата и чекал затоа што такви биле мерките за безбедност.
Во однос на ситуацијата со момчето од Охрид, Димитриевски посочи дека момчето не го познава, но го осудил веднаш тој чин.
„Не го познавам момчето, јас го осудив веднаш тој чин. Кој печали? Прво печалат поединци кои не сакаат добри македонско бугарски односи и мислам дека додека Бугарија да се свести со блокадата којашто ја прави на Македонија многу други држави околу Бугарија всушност ќе ја придобијат довербата од Македонскиот народ. Луѓе сфатете една работа, блиски сме, се почитуваме. Пред 15 дена бев на Пампорово, пеев македонски песни заедно со мои пријатели драги бугари. Значи, истото тоа го прават кога доаѓаат во Куманово кај мене. Но, вие мора да признаете еден непобитен факт дека Македонецот постои. Не можете да велите дека 46-та ние сме настанале кога мојот дедо Ѓорѓи македонски пред 2 века напишал во црквата дека го зимал презимето македонски затоа што Македонец, а не Бугарин, Србин или Грк. И вие тоа не го признавате. Мора да се надминат тие стереотипи од минатото и да врвиме заедно напред, бидејќи најголем бенефит од евроинтегративниот процес на Македонија ќе го има токму Бугарија. Во мојот град нема да се тргнат натписите кадешто пишува бугарски фашистички окупатор затоа што тој бил окупатор, не бил администратор. Значи, нас не окупира“, изјави Димитриевски.
Ново на Сител
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции