Димитриев: Владата е посветена на приоритетните реформи

Владата работи посветено на реализација на акцискиот план за спроведување на приоритетните реформи, изјави денеска премиерот Емил Димитриев.
Појасни дека многу законски решенија се усогласени со сите институции, и оти се во владина процедури.
- Денеска имаме седница и ќе разгледуваме две законски решенија, кои што се речиси на самиот крај во владината процедура. Усогласени со сите институции. Тоа се законот за Народниот правобранител и законот за владиното рекламирање. Јас очекувам на денешната седница овие закони да добијат зелено светло и да влезат во Собраниска процедура. Во понатомошниот тек на носење на овие закони јас очекувам да имаме максимална транспарентност, изјави Димитриев по посетата на фабрика во Штип.
Впрочем, додае тој процедурите во Собранието, овозможуваат преку одржување јавни расправи, преку вклучување на владин и невладин сектор, преку вклучување на сите политички партии, овие закони дополнително да бидат надградени со квалитетни идеи и предлози и да бидат донесени во определн рок.
Премиерот, Димитриев денеска заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директор на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски беа во посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип, со што официјално од денеска стратува и владиниот проект „Македонија вработува 2“.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение
-

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години
-

Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
