Димитриев: Изборите на 11 декември единствено решение на политичката криза

Изборите на 11 декември се единствено решение на политичката криза и тие треба да се сфатат и да се разберат како крај на политичката криза, а не како меѓучекор кон нови поглавја на кризата. Оние кои ќе ја разберат оваа поента, кои ќе инвестираат во крај на кризата и како филозофија и како пристап за нејзин крај, ќе бидат наградени од граѓаните, а оние кои ќе се обидат вештачки да ја продолжат ќе се соочат со осудата на граѓаните а тоа е најлошото нешто што може да го доживее една партија или политичар.
Ова го порача премиерот Емил Димитриев во вечерашното обраќање на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
На граѓаните, нагласи Димитриев, им е преку глава од политичката криза.
- Целото општество е во своевиден грч . Предолго време сите ние сме заложници на наметната криза која сите нас не дефокусира од решавање на главните проблеми со кои се соочува нашиот народ. Болно е и тоа што оваа криза има рефлексија на секојдневието на граѓаните, стопанствениците се обесхрабрени да преземат покрупни и посериозни нови инвестициски циклуси, администрацијата која има улога на сервис на граѓаните дејствува со помалку интензивно темпо, економскиот раст со кој сите ние се гордеевме како држава е забавен, пропуштени се шанси за поголеми инвестиции, истакна премиерот.
Иако со макотрпна работа обезбедуваме инвестиции од странство и капитални инвестиции во земјата, сепак, додаде, некои шанси и можности се пропуштени.
- Жалам затоа што заради ваквите работи не се вработија поголем број на луѓе. Ова мора да запре, укажа Димитриев.
Според него, Владата за спроведување на изборите ќе направи се што е во нејзина моќ и ингеренции и покрај сите предизвици со кои се соочува, за да обезбеди фер и демократски избори и во текот на овој период до изборите и во текот на изборниот ден.
- Но, Владата не е единствено одговорна за креирањето на довербата во изборниот процес. Своја одговорност имаат и сите партии, поединци, органи, институции, сите чинители во политичкиот и општествениот живот, подвлече премиерот Димитриев во обраќањето.
Ново на Сител
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
-

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
