Димитриев ги предложи Чавков и Спасов на местата на Спасовски и Ременски

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ.
Димитриев доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд и социјална политика.
Во дописот до Собранието Димитриев побарал изборот на новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика да биде извршено на денешната 101 седница.
Пред изборот на министрите, Собранието треба да ги констатира оставките на Спасовски, Ременски и на дополнителните министри од редовите на СДСМ.
Спасовски и Ташевска Ременски, како и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ поднесоа оставки на 6 април оваа година.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
