Димитриеска Кочоска: Над 65% од вработените земаат плата помала од 25 илјади денари
Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и дека состојбата во економијата е навистина лоша. Ова го истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ која што се одржа во општина Карпош.
Во однос на последните објавени податоци за просечната плата од страна на Државниот завод за статистика која 28.721 денари, таа истакна дека иако од страна на власта постојано ветуваат просечна плата од 500 или повеќе евра, реалноста во Македонија е тоа што во државата постои фрапантна бројка на лица која земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.
Кочоска истакна дека власта многу добро знае дека над 65 проценти од вработените во државата земаат плата под 25 илјади денари, но тие оваа бројка ја кријат од јавноста.
„Ако ги погледнеме податоците на лицата, вработени кои што земаат плата, а при тоа се пријавени и со пензиско и здравствено осигурување, ќе видиме еден фрапантен податок. Односно, повеќе од 65% од овие лица имаат плата пониска од 25 илјади денари (25.000). Повторувам, 65 проценти и повеќе имаат плата помала од 25 илјади, а ние зборуваме за просечна нето плата во Македонија од 28 илјади денари“, истакна Димитриеска Кочоска.
Таа потенцираше дека состојбата во македонската економија е лоша и дека во периодот откако почна пандемијата неколку десетици илјади македонски граѓани ги изгубија своите работни места. Кочоска додаде дека оние кои ги загубија својата работа, претежно имаа ниско платени работни места, нешто што придонесува за вештачки покачување на просечната плата затоа што на тие не го изгубија работното место не им е покачена воопшто платата.
„Во периодот на пандемијата имавме ситуација каде што се изгубија многу работни места, тоа сите го знаеме затоа сите имаме наши пријатели, познаници кои што ги изгубија своите работни места, а пред се се изгубија ниско платените работни места. Состојбата во економијата е лоша и во овие моменти загрижува растот на просечната плата поради фактот што, на овие кои што останаа на работа, платата не им се промени, меѓутоа во исто време имаме луѓе кои што изгубија работни места“, истакна Димитриеска Кочоска.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка