Димитриеска-Кочоска: Министерката да одговори колку ја чинат државата вработувањата по објавата за избори

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска повторно од министерката за финансии побара да одговори колку известувања за обезбедени средства за вработувања се издадени во периодот од дознавање за одржување предвремени парламентарни избори до денес и колку тоа ја чини државата.
Таа бара податоци за тоа колку се вработувања се на неопределено време, колку на определено време, колку се преку агенциите за привремени вработувања, колку согласности се издадени за ангажирања лица со договор за дело и со авторски договори и како се ценело за нивната реална потреба.
-Зошто се кријат овие податоци? Зар на граѓаните им е потребно право децидно и експлицитно утврдено, за „транспарентна“ министерка да им удоволи со податоци на кој начин се трошат нивните пари, прашува Димитриеска Кочоска.
Таа информира дека денеска до неа од страна на, како што наведува, „транспарентната“ министерка Нина Ангеловска, е доставен одговор на барањето за доставување копии од известувањата за обезбедени финансиски средства за вработување и согласности за ангажирање, кои, додава, првенствено ги бараме како такви, со оглед дека Министерството наводно немало евиденција за својата работа во однос на овие предмети, а со цел ние да направиме евиденција и за истото да ја известиме јавноста и македонските граѓани.
Со овој одговор, истакнува, „транспарентната“ министерка известува дека немала законска обврска за доставување на нив, а повикувајќи се на одлуките на судот, според кои немало обврска за врзан потпис, кои напоменува, не се конечни, па оттука „транспарентната“ министерка влече заклучок дека бараните податоци не се правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.
Според Димитриоска Кочовска, министерката и нејзиниот тим не знаат или не сакаат да ги читаат законите, ниту знаат за што се водат постапки пред надлежни органи и судови.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
