Димитар Гочев: Македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик
Димитар Гочев од бугарската владејачка партија „Продолжуваме со промените“ утринава во интервју за емисија на „БНТ“ вели дека „ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Република Северна Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да го опстоиме на ставот што го имавме досега“.
„Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“ – смета Гочев.
За ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема Гочев стема дека во најлама рака е чуден.
„Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници кои му даваат информации кои не се точни. Тој прво рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став“ – рече Гочев.
Ново на Сител
-
Без струја утре дел од општините Аеродром,Кисела Вода и Студеничани
-
Трамп најави купување на нов автомобил Тесла во знак на поддршка за Илон Маск
-
Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
-
Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје