Димевски: Писмото до БПЦ е позитивен чекор, но адресата за афтокефалност останува СПЦ

Писмото што Светиот синод на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква, е уникатен потег прилично различен од досегашното конзервативно одвивање на работите кога станува збор за прашањето за стекнување статус на автокефалност, чекор кој може да донесе некои позитивни ветришта од аспект што ние, за жал, сме во ситуација во која нема што да загубиме. Но, сепак, вистинската адреса за афтокефалност и натаму е Српската православна црква.
Ова во изјава за МИА го посочува Даниел Димевски, верски аналитичар и магистер по меѓународно право, дипломатија и политика.
Де факто, вели Димевски, во ситуација сме во која не сме признаени де јуре од ниедна православна црква како автокефална и од тој аспект немаме што да загубиме доколку би биле признаени од страна на Бугарската православна црква.
- Што можеме да добиеме? Можеме да добиеме билатерално признавање од една соседна црква, што во принцип е добар чин, секако е подобра ситуација отколку ниедна и можно е со авторитетот кој го има БПЦ евентуално да потегне нога и некоја друга помала црква да пристапи кон следното. Преамбициозно и нереално е да се очекува дека со овој потег ќе се реши проблемот за признавање на автокефалноста, бидејќи вистинската адреса и понатаму е Српската православна црква, истакнува Димевски.
Досега, наведува, тие прашања се решаваа со консензус, што значи дека треба да сме свесни дека силните авторитети не се заинтересирани за ваков тип на решавање.
- Значи кога зборувам силни авторитети во православието пред се мислам и на Грчката, и на Српската и на Руската православна црква. Мислам дека е нереално од нив да очекуваме поддршка по ова прашање. Така што генерално главната придобивка ќе биде билатералното решавање, што секако е еден добар почеток за некое понатамошно одвивање на работите по овој спор. Ќе повторам, спорот ќе потрае. Доколку сакаме трајно решавање ќе мора да се изнајдат сили, начини и техники да тоа трајно решавање првенствено отпочне со давање на томосот од страна на Српската православна црква, вели Димевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
