Димче Арсовски: Шекеринска призна дека платиле многу повеќе – Каде завршиле 250.000 евра?
![]()
Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска не негираа дека ги преплатиле двете машини грејдери за сума повисока од 150% од нормалната.
Под изговор дека навистина била повисока цената на машините, но министерството и Шекеринска биле транспарентни, Шекеринска и одбрана потврдија дека проневериле над 250 000 евра. Нас искрено ни е жал што ви го обзнанивме во јавност и овој бонбона бизнис, но сепак се работи за парите на граѓаните и се додека вие чепкате од парите на граѓаните, ние ќе обзнануваме.
Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска од српската фирма „Корковадо“ набавиле 2 машини грејдери од кинеско производство за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464 853 евра, додека пак истата фирма „Корковадо“ истиот грејдер на српска институција го продава за 108 000 евра по парче.
Очигледна е разликата од над 250 000 евра во набавката на двата грејдери каде што Радмила Шекеринска и министерството за одбрана ги имаат преплатено машините.
Еве јавно упатуваме прашање до Радмила Шекеринска, а граѓаните нека ценат.
Бидејќи Шекеринска од уста не ги извади НАТО стандардите, кои веруваме дека не ги погледнале во СДСМ, прашуваме дали и оваа набавка е согласно НАТО стандардите?
Дали е согласно НАТО стандардите да се набават овие две машини од кинеско производство за цена повисока 250 000 евра од основната на кинеската компанија?
Не, нормално дека ова не е согласно НАТО стандардите, како и целото раководење на Армијата на Република Македонија.
Затоа, бараме, од надлежните институции, да го истражат овој случај детално, Јавното обвинителство да отвори истрага и да видиме во чии џебови завршиле над 250 000 евра.
Почитувани обвинители,
Охрабрете се, не се плашете, затоа што вака ако молчите станувате соучесници.
Оваа Влада на Зоран Заев се покажа како најкриминална до сега и како Влада која за само 3 години успеа да опустоши, колку што не опустоши и целата транзиционата Влада на СДСМ во 90тите години.
Одговорност мора да има и ќе има по 12 април.
Ново на Сител
-

Следува период на топло време, температури до 20 степени
-

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, се очекува поголем број интервенции и помалку административни пречки за пациентите
-

Њујорк Тајмс: ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи
-

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади
-

Шефот на иранската безбедност се закани со удари против САД и Израел какви што „никогаш претходно не доживеале“
-

Лишен од слобода возач од Велес, возел со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
-

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток
