Дилара од „Парампарче“ се прошета со сопругот низ Скопје

Во јуни годинава македонскиот актер Ертан Шабан, кој на нашата поширока јавност и е познат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, стана турски зет.
Неговата избраничка на која и се заколна на вечна љубов е популарната турска актерка Ебру Озкан. Убавата Ебру ја запознавме како Халиде од турската серија „Имотот на дамата“, но со улогата на Дилара во „Парампарче“ нејзината популарност кај нас стана поголема.

Нејзниот сопруг Ертан живее и работи на релација Скопје-Истанбул, а на социјалните мрежи понекогаш знае да објави и по некоја фотографија од Скопје и дружбите со пријателите и колегите.

Па така, ако судиме според позадината од фотографијата, Ебру веќе го прошета Скопје во друштво на саканите, а не би требало да ве изненади ако некогаш ја пречекате на улица.



Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
