ДИК: Вкупно 7861 гласачи од категоријата болни и немоќни лица
Денеска своето право на глас можеа да го остварат посебните категории на гласачи, а тоа беа болните, немоќните гласачи, гласачите кои се наоѓаат во казнено поправните установи и гласачи кои се наоѓаат во установи за вонсемејна грижа, како и внатрешно раселените лица, истакна на вечерашната прес конференција портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.
-Податоците што ги собра Државната изборна комисија се следни; вкупно од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи, овие податоци ќе се докомплетираат. Бројот на гласачи кои се наоѓаат во установи за вонсемејна грижа изнесува 234 гласачи, значи 234 гласачи во оваа категорија го оствариле своето право на глас. Бројот на гласачи кои се наоѓаат во казнено поправните установи изнесува 1235 лица, треба да се достават уште податоци за во целост да се комплетира оваа бројка- рече Шабани.
Ова беа сите податоците кои ги собра Државната изборна комисија за гласањето на последните категории на гласачи, потенцираше тој, во текот на утрешниот ден, односно во 9 и 30 часот наутро е најавена следната прес-конференција на ДИК.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи