ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%

Од обработени 93,04 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 88 511 глас или 57,84 проценти од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 55 254 гласа или 36,11 проценти од вкупниот број гласови.
Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 34,67 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 153 017 граѓани.
Во првиот круг за градоначалник на Скопје гласале 232 581 граѓани или 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41 проценти од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
