ДИК ја продолжи седницата за приговорите
Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за разгледување на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да се произнесе за преостанатите приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ.
Досега, ДИК одби три приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од Движењето Беса. За еден приговор од движењето Беса кој се однесува на избирачко место во Гостивар ДИК побара графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.
Не беа прифатени приговорите на СДСМ за избирачките места 2010 и 2025 во општина Теарце, а по извршениот увид во избирачкиот материјал за избирачкото место 2024 беше утврдено дека бројот на гласови и на неважечки ливчиња соодветствува со бројките во записникот по што и овој приговор беше одбиен.
За приговорот за избирачкото место 2016 беше повикан член на избирачкиот одбор, но по барање на ДИК денеска на седница ќе треба да дојдат и останатите членови на избирачкиот одбор со цел да го потврдат избирачкиот записник.
Комисијата го разгледа и приговорот за изборното место 2011 каде се тврди дека недостигало едно избирачко ливче и оти е применет т.н. бугарски воз. Со цел да се утврдат фактите, беа сослушани членовите на избирачкиот одбор и на ОИК по што беше направен и увид во избирачкиот материјал каде се бараше записникот направен пред почетокот на гласањето.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево