ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги разгледа и одби како неосновани сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати од гласањето локалните избори во три општини - Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко информираше дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изготвени поединечни одлуки за секој приговор и доставени до подносителите.
-ДИК ќе ги почека законските рокови за евентуални тужби до Управниот суд во наредните 24 часа, по што, доколку има тужби, Управниот суд е должен да постапува во наредните 48 часа од приемот на тужбите. Тоа значи дека најдоцна до крајот на викендот ќе ги имаме и одлуките на Управниот суд доколку има тужби. Доколку нема тужби, во првиот момент кога ќе истечат роковите, односно кога одлуките ќе бидат конечни ДИК ќе излезе на седница со објавување на конечните резултати за општините Брвеница, Шуто Оризари и Карпош, појасни Кондарко.
За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, и три од Сојузот на Роми.
ДИК ги одби приговорите поднесени за избирачките места ИМ 2956, ИМ 2971, ИМ 2971/1, ИМ 2973, ИМ 2959/1, ИМ 2955, ИМ 2956/1, ИМ 2959, ИМ 2961/1 и ИМ 2961, сите во Општина Шуто Оризари, а поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
Членовите на ДИК ги одбија како неосновани и трите приговори од Сојузот на Роми во ИМ 2966, ИМ 2962 и ИМ 2961 сите во Општина Шуто Оризари.
ДИК ги одби двата приговори поднесени од „Искуство за успех“ за две избирачки места во Општина Карпош и тоа на ИМ 2631 и на ИМ 2613.
Членовите на ДИК претходно едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални недостатоци, бидејќи е поднесен од кандидат за градоначалник, а според законот треба да го поднесе подносителот на кандидатската листа. Членовите на ДИК приговорот го отфрлија како недозволен.
МИА
Ново на Сител
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
