ДИК до 23.15 часот: 292.417 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 267.980 за СДСМ
Според податоците на Државната изборна комисија до 23:15 часот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 292.417 гласови или 39,52 отсто, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 267.980 гласови или 36,22 отсто.
ДУИ освоиле 52.715 гласови или 7,12, БЕСА 32.709 или 4,42, Алијанса за Албанците 21.048 или 2,84, ДПА 19.407 или 2,62 отсто, „ВМРО за Македонија“ 15.115 или 2,04 отсто, Левица 6.437 или 0,87, Коалиција за промени и правда Трет блок 5.874 или 0,79 отсто, Либералната партија 2.314 или 0,31 отсто и ПДП 631 или 0,09 отсто.
Ова се податоци од вкупно обработени 739.939 гласови.
ДИК сукцесивно ги објавува податоците испратени електронски од општинските изборни комисии.
Околу полноќ се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првичните резултати од денешните предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи