ДИК бара граѓаните сами да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август, повика Државната изборна комисија (ДИК) по забелешките во јавноста дека во Избирачкиот список се уште има фантоми, починати лица и други неправилности. Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација.
Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список.
- ДИК во соработка со МВР и со Државниот завод за статистика ќе мора постојано да ги ажурира ваквите промени, а апелираме до граѓаните бидејќи тие најчесто ги прават промените постојано, како менување на брачен статус, пријавување и одјавување во државјанство... тие се појавите што најчесто претставуваат проблем. Лицата имаат законска обврска 15 дена да ја пријават промената, меѓутоа, сите ние вклучувајќи ме и мене и вас не го правиме тоа навремено, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Како што државните органи имаат обврска, така и граѓаните имаат обврска да ги пријават промените, вели тој.
Во однос на некои случаи со повеќе лица на иста адреса, од Комисијата велат дека има постапки што најверојатно се уште е во тек во МВР и дека потоа треба да донесе решение за да може тие лица да бидат отстранети од Избирачкиот список.
Членот на ДИК Јанакие Витановски на седница на Комисијата појасни дека доколку во Избирачкиот список има починати лица членовите на нивното семејство треба да се упатат во подрачните канцеларии на ДИК и со умреница да докажат дека тоа лице е починато за да се тргне од Избирачкиот список. Исто така, укажа има многу граѓани кои не ги смениле своите адреси при промена на живеалиштето, но посочи и на други промени.
На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата. До вчера напладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП. Најмногу од нив по 14 се пријавиле во ДКП во Виена, Лондон, Торонто и Љубљана, додека во Берн, Швајцарија се пријавиле 12 државјани на Република Македонија кои живеат во странство.
Доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата, укажуваат од ДИК.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
