Македонија
8. August 2016 - 16:15

Дијаспората собира помош за настраданите во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изразува сочувство до семејствата засегнати од катастрофалната поплава што го зафати Скопје и околината, а беше предизвикана од пороен дожд вечерта на 7 август 2016.

ОМД иницира акција меѓу иселениците за собирање средства за помош на настраданите. Средства можат да се донираат преку веб страницата што ја објави ОМД. 

ОМД ги охрабрува граѓаните на Република Македонија да останат солидарни, имајќи предвид дека се можни нови поплави. - Ги повикувме и надлежните да спроведат темелна истрага со цел утврдување одговорност за нефункционалните одводни канали кои ги зголемија штетите од поплавите, се велчи во соопштението од ОМД.