Дијалог „Aгроекологијата и урбаното земјоделство наспроти климатските промени“

Во обид да се отвори дискусија за улогата на агроекологијата и зелената инфраструктура, за да се ублажат влијанијата на климатските промени, но и да се подобри квалитетот на животот во градот, „Зелената арка“ денеска организира јавен дијалог на тема: „Aгроекологијата и урбаното земјоделство наспроти климатските промени“, што ќе се одржи во кино-салата на кафе-бар „Котур“.
– Очекуваме дека благодарение на заедничкиот придонес од сите учесници во дијалогот ќе ги отвориме прашањата за применливоста на агроеколошките пракси во градот како стратегија за ублажување на последиците од климатските промени, за улогата на почвата во апсорпцијата на јаглеродниот диоксид или пак за можностите да се одгледуваат јадливи растенија во градската животна средина. Или барем просто да се запрашаме како да се подготвиме во однос на научните проценки и предупредувањата дека ни остануваат помалку од шеесет жетви на планетата Земја, поради сериозната деградација на почвата и климатските промени, истакна Димитар Самарџиев од Зелената арка.
Ова е првиот јавен настан од проектот „Агриколаб – платформа за колаборативни агроеколошки пракси“, чија цел е да создаде начини за соработка и споделување знаења меѓу граѓаните и научните институции за одгледување хранливи растенија во градските подрачја наспроти предизвиците од климатските промени.
Проектот „Агриколаб“, освен јавните дијалози во следните фази нуди и обука за агроеколошките аспекти на пермакултурниот дизајн во градските подрачја.
Ново на Сител
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
