Девојки на 23 и 24 години меѓу починатите од Ковид-19, едната без хронични болести

Девојки на 23 и 24 години се меѓу починатите пациенти од коронавирус во изминатите 24 часа.
Дваесет и три годишната девојка од Кичево имала и други заболувања, а што ковид -19 само и ја комплицирал здравствената состојба.
Втората млада девојка е на 24 години, немала никакви други заболувања и починала на Инфективната клиника.
Од Министерството за здравство за „360 степени“ велат дека таа не реагирала на терапијата која и била давана на Инфективната клиника каде се лекувала последните денови.
Пред да биде донесена на Инфективната клииника се лекувала во еден од ковид-центрите на интерните клиники, а пред тоа една недела се лекувала дома со антибиотик по препорака на матичен лекар.
„Пациентката била позитивна на ковид – 19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар. Поради проблеми со дишењето пацинетката се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид центрите од интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на КИБФС, каде е продолжено е со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време и се влошувала состојбата“, се вели во одговорот од МЗ.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
