Девојчето што паднало во Вардар во Гостивар, најдено удавено

Тричасовната потрага по девојче кое синоќа паднало во водите на Вардар во Гостивар, заврши со трагичен епилог. Телото било најдено од жители на селото Балиндол, околу 22 часот, кои и го пријавиле слулчајот во полиција.
Од СВР Тетово, информираа дека полициски служебници кои дошле на местото, го извлекле од водата, а лекар од брзата помош констатирал смрт.
Според првичните информации се работи за 17 годишно девојче од гостиварското село Здуње. Тоа паднало во водите на Вардар, околу 19 часот во близина на гостиварската болница откако претходно се обидувало да се одбрани од куче бездомник. Бранејќи се, стигнало до самиот брег на кејот и изгубило рамнотежа и паднало во водите на Вардар.
Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош, по што беше организирана потрага, но и покрај вложените напори не е спасено.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
