-->
-->
Девојче низ цртежи раскажува за пеколот на Дилавер Бојку – Леку
-->
Трговијата со луѓе е едно од најголемите злосторства. Во понеделникот беше убиен некрунисаниот балкански крал на проституцијата Дилавер Бојку Леку, кој препродавал жени во бели робје за 3-5 илјади евра.
Во пеколот на неговиот бизнис завршиле три илјади жени, кои биле распродавани преку Македонија и Албанија.
Жртви од Хрватска и БиХ сведочат за животот во заробеништво. Нивните трагични судбини се запишани во полициските анали.
Мајката на Ана (11) е проститутка. Ја родила во БиХ. Не знае кој е татко на детето. Не сакала да го роди бебето, ја оставила по породувањето. За Ана почнала да се грижи баба ѝ. Всушност, требало да се грижи, но не било така. Ја запоставувала, а ја хранела колку за да преживее. Но, баба ѝ била единственото живо суштество што го имала на светот, па затоа и ја сакала баба си. Растела во сиромаштија, преживувале од питачење. Со тек на време како што растела Ана, благодарение на девојчето, бабата почнала повеќе да заработува. Луѓето го сакале милото лице на Ана, па биле подарежливи. Но, Ана не просела само.
„За нас бабата и Ана беа странци кои просат во Хрватска. Девојчето беше речиси неписмено, но многу интелигентно и убаво“, сведочат инспекторите кои ги уапсиле Ана и баба ѝ минатата година додека проселе.
Ана здивна. Кога сфати дека страдањата завршија. Не поради просјачењето, туку поради она што го откриле вештаците. Повеќе од една година ја држеле Ана во Босна затворена, ја изгладнувале, ја тепале и ја силувале. Имала помалку од 10 години. Тоа не им го кажа на лекарите. Им ги нацрта своите страдања. Цртежи кои кога ќе ги видите, мислите дека се од хорор филм. Бабата, која ја протерале од Хрватска, морала да знае што ѝ правеле ѕверовите на кутрата Ана. Знаела, но не реагирала.
– Ја користела за питачење и само тоа ја интересирало, велат извори од полицијата.
Полицијата се уште не им влегла во траг на злосторниците од Босна. За жал, бабата не предала никого. Се вратила во Босна без девојчето, а Хрватска ѝ одобрила на Ана привремен престој поради хуманитарни причини. Во сигурно семејство е. Не сака да си замине од Хрватска, би останала засекогаш. Има свое ќебе, перниче и медо. Научила да чита и да пишува, јаде редовно, никој не ја тепа, не ја присилува на ништо.
-Трговците со луѓе заработуваат повеќе од 12 милијарди долари годишно и тоа само од трговија со жени и деца заради сексуално искористување, наведуваат од МВР на Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната