Девет загинати во судир на автобус и комбе во Полска

Девет лица го загубија животот, додека седум други се повредени во судир меѓу автобус и комбе во Полска, јавија американските медиуми.
Несреќата се случила во близина на градот Гљивице, во југозападниот полски регион Шлезија.
Жртвите се возеле во комбето, додека повредени се дел од патниците од автобусот.
Властите потврдија дека во моментот на несреќата во комбето имало девет лица и дека сите загинале, а во автобусот се превезувале 49 патници.
Портпаролот на полицијата изјави дека првичните резултати од истрагата покажувале дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото, дека се обидел да избегне слетување од патот, но возилото се превртело и удрило во автобусот.
Меѓу седумте повредени патници од автобусите, кои се однесени во болница, возачот е во најсериозна состојба.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
