Балкан
17. May 2024 - 20:49

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.

Несреќата се случила попладнево во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“.

На терен се екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.

Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е на местото каде што се судрија возовите во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост. Се очекува на местото да пристигне и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.