Девет месеци без плата, Кастратовиќ си замина од Металург
Тренерот на Металург Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на Металург. Утринава откако им заврши карантинот по две недели, беа направени тестирањата на сите членови на тимот. Потоа тренерот ја вратил опремата и се поздравил со играчите и управата.
„Причината е финансиска. Девет месеци немам примено плата. Тоа е премногу, изјави Кастратовиќ. „За се друго немам замерка, но…
Кастратовиќ пристигна лани во Автокоманда и успеа да го консолидира тимот, и сезонава и да избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа откако мина две квалификациски кола. Екипата од Автокоманда донесе и неколку засилувања пред почетокот на сезоната, меѓу кои и легендата на хрватскиот шампион Загреб, Златко Хорват.
Поранешниот македонски првак има доста финансиски проблеми последниве години и мака мачи со редовна исплата на платите и другите трошоци. Дел од играчите што заминаа од клубот потврдуваат дека се уште им се должи од претходните сезони, а незадоволство постои и кај сегашните ракометари повторно поради неисполнување на договореното.
24rakomet.mk
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори