Девет лица загинаа при авганистански напад во Пакистан
Најмалку девет лица се убиени кога авганистанските безбедносни сили, со поддршка на артилиерија, отвориле оган врз работниците кои, од пакистанската страна на границата, собирале податоци за попис на жителите и врз трупите кои ги прателе.
![]()
При нападот загинале девет цивили, а 42 се повредени, меѓу кои и жени и деца, јави Танјуг.
Пакистанските власти наведоа дека тој прекуграничен напад не бил предизвикан со ништо, додека авганистанските претставници тврдат дека Пакистанците први отвориле оган и повредиле двајца авганистански полицајци.
Портпаролот на пакистанската војска генерал мајорот Асуф Гафур изјави дека војската ја затворила границата како одговор на нападот, со што е блокирано преминувањето на луѓето и транспортот на стока до Авганистан.
- Засега примивме девет тела. Тие цивили се убиени во авганистански напад, истакна докторот на државната болница во Чаман Актар Мухамед, додавајќи дека некои од повредените се во критична состојба.
Премиерот на Пакистан Наваз Шариф издаде соопштение во кое авганистанскиот напад е опишан како „несреќен“.
Тој инсистираше Кабул да престане со прекугранични напади, предупредувајќи дека таквите напади им се закануваат на напорите да се воспостави мир во Авганистан.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
