-->
-->
Девет лица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш
-->
Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш.
Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.
- Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.
Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.
Поради несреќата изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар