Детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“ ќе гостува во Битола
Националната установа Центар за култура-Битола соопшти дека викендов на големата сцена во центарот ќе гостува Македонската опера и балет - МОБ чии уметници ќе ја изведат адаптираната опера на македонски јазик „Мала волшебна флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт, во режија на Урсула Хорнер.
Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека со ова второ последователно гостување на МОБ во Битола се потврдува договорот за соработка меѓу двете национални установи за поинтензивно одржување на културни настани и манифестации.
- МОБ продолжува со практиката за музичка едукација на најмладата популација. Младите битолчани со нетрпение го очекуваат гостувањето на МОБ со детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“ закажано за в недела навечер од 18 часот. Преку овој културен настан децата ќе добијат одговори на повеќе отворени прашања кои ги нудат волшебникот, кралицата на ноќта и други ѕвезди од познатата приказна исполнета со прекрасната музика на Моцарт, посочуваат од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.
Во „Мала волшебна флејта“ настапуваат Денис Димоски, Кристијан Антовски, Александра Лазаревска-Василев, Ана Ројдева, Борко Биџовски, Марија Наумовска, Билјана Јосифов, Николина Јаневска, Дејан Стоев и Катерина Стојановска.
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба