Детето со аутизам било лекувано според протоколи во Психијатриската болница во Демир Хисар, рече министерот Меџити

Детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија, одговори денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, запрашан за реакцијата на родителите на дете со аутизам околу начинот на кој било третирано нивното дете со аутизам во психијатриската болница Демир Хисар, кое, според родителите, имало рани од врзување.
На новинарско прашање околу третирањето на пациентот во Битола, тој одговори дека вонредниот инспекциски надзор завршил и веќе имало извештај и имало пропусти и во дијагностицирањето и во лекувањето на момчето.
- Веднаш дадов наредба, се формираше стручна комисија и ќе биде на терен што е можно побрзо, на лице место и експерти од сите области ќе одлучат каде точно се пропустите. По нивниот извештај, ќе преземеме други мерки, нагласи министерот.
Министерството за здравство подоцна излезе со соопштение, во кое појасни дека од страна на ДСЗИ поради наглото влошување на состојбата на пациентиот во Битола сметаат дека е потребно формирање стручна комисија.
- Формирана е стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испита лекувањето на 24-годишниот пациент. Министерот Меџити денеска рече дека комисијата во најкус рок ќе се формира и стручно истражи случајот и ќе треба да утврди дали имало и какви биле недостатоците во третманот на пациентот, пишува во соопштението.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
