Нестабилна облачност со пороен дожд над скопското подрачје

Нестабилна облачност во моментов има над скопското подрачје, која се движи од југ кон север - североисток, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Се очекува да се задржи во вид на невреме над делови од Скопје во наредниве час до два, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР соопшти дека на севрозападот и крајниот исток од земјава попладнево имаше нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи и дуваше умерен јужен ветер.
До крајот на денот на места се уште ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималните температури од 6 до 12, а максималните од 23 до 29 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
- Во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава, најави УХМР.
Ново на Сител
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
-

Ненад Савески го пoчнува мандатот како нов државен јавен обвинител
-

Ограничувања за точење гориво во Словенија, Словачка најавува повисоки цени за странци
-

Украинското разузнавање тврди дека Русите го заплашуваат унгарското малцинство
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии, ќе се спроведува интервју на пријавените кандидати за на член на ДКСК
-

Променливо облачно, наутро студено, преку ден до 15 степени
