Детектор: Секој втор Македонец не планира да оди на одмор ова лето
Половина од граѓаните не планираат да одат на годишен одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 47,1% од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година, додека 33,7% велат дека ќе одат на одмор.
Од оние кои ќе летуваат, 32,9% велат дека тоа ќе го сторат во Македонија, додека 28,8% во странство.
Најголем дел од граѓаните кои ќе летуваат или 9,6% велат дека ќе одат во Охрид. 7% планираат одмор во Грција, 4,2% во Албанија, по 2,3% во Турција и во Дојран а 2,1% во Струга.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра