Детектор: Рудар е најризична професија

Рударот има најризична професија, сметаат граѓаните во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 33% од анкетираните сметаат дека рударите имаат најризична професија. 20,6% најголем ризик гледаат во градежништвото, а 18,6% во хемиската индустрија, додека 15,4% се определиле за метало-преработувачката индустрија.
44,8% од анкетираните велат дека познаваат некој кој се разболел или повредил на работното место додека 47,6% велат дека не познаваат таков работник.
Безмалку половина од анкетираните или 49% сметаат дека лицата кои се повредиле на работното место не добиле соодветна оштета, додека 22,4% се убедени во спротивното.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
