Детектор анкета: Секој четврти граѓанин тешко се справува со рестриктивните мерки

Секој четврти граѓанин има проблем во справувањето со рестриктивните мерки на Владата за заштита од корона вирусот. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 24,6% од анкетираните граѓани велат дека справувањето со мерките за социјална изолација и полицискиот час им претставува проблем додека 71,8% велат дека таков проблем немаат.
Но и оние кои го имаат, ретко се решаваат за тоа да побараат помош. Анкетата покажува дека само 14,1% од анкетираните велат дека побарале помош за да се справат со проблемот додека 85,9% не го сториле тоа.
Само 2,8% од граѓаните велат дека имаат некој близок или познаник кој во овој период на корона кризата се соочил со домашно насилство, додека 86,3% не познаваат вакви лица
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
