Детектор анкета: Над три четвртини од граѓаните бараат проверка на имотот на судиите
Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен. Вакви податоци дава последната анкета која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Ново на Сител
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“