Детектор анкета: Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга од државата
Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје
Додека само 26,5% изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции дури 69,2% никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн. Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство.
Дури 87,4% од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции додека само 11,6% велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6% велат дека користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6% и катастарот со 7,8%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат