-->
-->
Детали за страшната сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар, познат идентитетот на загинатиот и повредените
-->
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 15:50 часот се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Ростушки мост.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.
-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информира Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Возачот на товарното возило е приведен во Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар