Детали за драмата: Еве што точно се случуваше вчера на Клиника
Министерството за внатрешни работи соопшти детали во врска со обидот за убиство на 41 годишниот хирург. Кривични пријави се поднесени против двајцата браќа кои го нападнаа лекарот.
-Кривичните дела, пријавените ги извршиле вчера околу 09 часот и 10 минути во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, во просториите на одделението за Дигестивна хирургија. Имено, откако завчера нивната мајка поради големи болки во пределот на стомакот од страна на И.Н. и А.К.Н. итно била однесена на одделението за дигестивна хирургија, каде била примена од страна на хирургот, тој им кажал дека ќе изврши оперативен зафат. По извршениот оперативниот зафат, за истото телефонски бил известен првопријавениот, а вчера од страна на медицинскиот персонал, по извршената утринска проверка на пациентите, било констатирано дека пациентката починала, за што биле известени двајцата пријавени.
Веднаш по дознавањето дека неговата мајка починала, И.Н. од дома го земал пиштолот и се упатил кон клинички центар „Мајка Тереза“ каде што на влезот во Ургентен центар се сретнал со неговиот брат А.К.Н. и заедно се упатиле на одделението за дигестивна хирургија. Првопријавениот поминал покрај обезбедувањето и влегол на одделението, а неговиот брат откако бил сопрен на вториот спрат од вработениот во обезбедувањето, го удрил со тупаници неколку пати по што продолжил да се движи кон третиот спрат. И.Н. на пултот од влезот во одделението за дигестивна хирургија, од дежурната сестра побарал истата да му каже каде е докторот, а таа му одговорила дека е на брифинг кај шефот на одделението. По кратко време докторот се појавил во ходникот каде што бил забележан од страна на И.Н. кој му се обратил и побарал да разговара со него, по што заедно се упатиле во лекарската соба. Во истиот момент пристигнал и второпријавениот кој заедно со нив влегол во лекарската соба. Внатре без никакво предупредување, И.Н. од палтото го извадил пиштолот и испукал неколку проектили во правец кон него, од кои со три проектили бил погоден во левата нога. По ова, И.Н. и А.К.Н. излегле во ходникот и почнале да викаат и да им се закануваат на присутниоте дека ќе пукаат и кон нив и во еден момент второпријавениот од пултот земал работен стол–фотелја и истата ја фрлил најпрвин во стаклената врата која водела кон влезот на лекарската заедничка просторија, а потоа ја фрлил и кон стаклената врата од влезот према одделението за дигестивна хирургија, по што и двајцата се дале во бегство, соопштуваат од полицијата.
Од страна на полициски службеници од „АЛФА“ како и од страна на полициски службеници од „Центар“ пријавените биле забележани на Клиника по што истите се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
На местото на настанот, извршен е увид, од страна на увидна екипа при СВР – Скопје, а во присуство на дежурен јавен обвинител. Од местото на настанот биле подигнати траги и предмети, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени и предадени за анализа.
Во просториите на ПСОН „Кисела Вода“ бил извршен разговор со И.Н. и А.К.Н. во кој во целост го појаснија начинот на извршувањето на горенаведените кривични дела. Инаку, второпријавениот е познат сторител на кривични дела и во претходниот период против истиот е поднесена една кривична пријава за извршени две кривични дела „тешка кражба“.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата