Детали за автобуската несреќа во Кочани
Две жени, патнички во автобусот што попладнево се преврте на влезот на Кочани, поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.
Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.
Околу 15:30 часот на нашето одделение беа донесени седум лица кои се пожалија на повреди здобиени при превртување на автобус во кој се наоѓале. При прегледот е констатирано дека кај една од повредените има скршеница на две ребра, а друга се здобила со исеченици. Тие се задржани за натамошна опсервација и третман. Кај другите пациенти имаше набиеници од ударот, но без посериозни последици, поради што ги пуштивме на домашно лекување, изјави Томе Солевски, хирург во Општа болница – Кочани.
Автобусот, сопственост на компанијата „Авто атом“ од Кочани, се превртел околу 14:45 часот во близина на хотел „Национал“, по што паднал во отвор длабок три метри меѓу патот и железничката пруга. Според очевидци на настанот, друго возило му го попречило движењето поради што возачот во обид да го избегне излетал од колвозот.
Според првичните информации, автобусот е набавен во 2002 година, го поминал последниот технички преглед и е регистриран.
Увид во несреќата направија судија на претходна постапка и сообраќајна полициска екипа, по што се очекуваат подетални информации за причините и околностите поради кои дошло до превртувањето.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
